Интензивно се работи на мостот кај Железничка и Индустриска

Интензивно се работи на изградба на новиот мост на улиците Железничка и Индустриска. Општина Куманово од буџетот за овој проект одвои пет милиони денари, а потоа во соработка со јавното претпријатие за државни патишта ќе се асфалтира целата траса од Железничка, па се до село Никуштак.  

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека со оваа инвестиција ќе се реши проблемот со мостот, а граѓаните ќе можат безбедно да се движат.

– Претходниот мост беше граден децении наназад и истиот не е реконстуиран подолг временски период. Самиот опфат сега се шири, доаѓаме на ниво на ширина на самата сообраќајница на мостот од осум метри плус дополнителна изградба на тротоари на истиот. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Куманово  а дополнителната инвестиција за останатите градежни активности се обезбедени од страна на државата и јавното претпријатие за државни патишта-истакна тој.

Додека трае изградбата е воведен времен прекин на сообраќајот, па возачите се пренасочуваат на улицата 11-ти Ноември.

Коментари

коментар(и)