Интернист ја загуби битката со Ковид-19

Интернистот Шукри Фазлија вработен во општата болница во Куманово ја загуби битката со коронавирусот. Лекарот во домашни услови се лекувал од настинка, по што завршил во кумановската болница, од каде бил испратен на Инфективната клиника  во Скопје, каде што и починал. Директорката на кумановската болница со жалење ја потврди веста.

-Знам дека е лекуван во домашни услови примал терапија која веројатно самиот си ја има одредено и кога веќе состојбата се влошила семејството се обратило до колегите тој е донесен на одделот за интерна медицина каде што и работеше, по што веднаш со колегите свртевме на инфективна клиника под итно да биде примен, бидејќи тој беше со ниска сатурација на кислород, со покачена гликемија, имаше и коморбидитети, но е млад човек ние искрено се надевавем дека успешно ќе се извлече од кризата, тој не лежеше кај нас ни дојде како тежок случај, по неколку дена домашно лекување-истакна Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово.

Надлежните од болницата информираат дека на одделението засега нема позитивни случаи.

-Интеренистите немаат ниту симпотми, ниту се пожалиле на здравствени проблеми, немаше потреба од тестирање и пред да ги пројави првите симптоми бил слободен, па потоа некои симптоми као ларингит кашлица по што останал дома не бил во контакт и од таа причина не се изолирани-истакна таа.

Ова е втор случај на починат од коронавирусот во Општата болница во Куманово.

 

 

Коментари

коментар(и)