Инфо- ден за невладини организации

Македонскиот центар за европско образование објави повик  за мали локални иницијативи на невладините организации кои постојат најмалку две години низ целата држава. Проектот е за трансфер на знаењата за политиките на Европската Унија за намалување на разликите меѓу граѓанските организации. Во просториите на Мулти Култи во Куманово денеска се одржа седмиот Инфо ден во организација на центарот. Присутните беа информирани дека локалните иницијативи може да се однесуваат на три тематски области, судството и темелните права, социјална политика и вработувањата, како и политиката за конкуренцијата.

-Овој проект е за трансфер на знаења  за ЕУ од Скопскиот регион во другите региони на Република Македонија. Нашата организација која што се занимава со европеизација на општеството смета дека имаме специфични знаења кои можат понатаму да се трансферираат  на локално ниво особено за овие три тематски области.

За реализизација на иницијативите првично ќе бидат доделени по околу 500 евра, но тоа не е конечната сума, велат од Македонскиот центар.

-30.800 денари по единечна организација, но таа сума не е сума која што е некој грант специфично таргетиран, тој е наменет за малите локални иницијативи,  ќе има дополнителни средства коишто се во јакнењето на институционалните капацитети преку обуки, менторства и средби на локално ниво со локални чинители, се надеваме дека ќе има позитивни ефекти, изјави Александар Колекески, Македонски центар за европско образование

Здруженијата кои присуствуваа на Инфо-денот се задоволни од она што го нуди Македонскиот центар преку повикот.

-На нас како граѓанска организација ни изгледа интересен повикот, но мислиме пред се дека треба да биде супер можност за мали организации или организации кои допрва почнуваат бидејќи и преку самата иницијатива ќе добијат  можност за обука директно од Македонскиот центар за европско образование и на тој начин да се професионализираат во овие области, ме радува што беше присутна Организација на жени -претприемачи од Куманово  изјави Стефан Маневски, ЦИД

Крајниот рок за овој пoвик е до 30 –ти септември. Вакви информативни денови се организираат во повеќе градови.

 

Коментари

коментар(и)