Исплата на мартовските пензии од 28 март

Владата, на седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година.

Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27-ми месецов.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28-ми.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата.

Коментари

коментар(и)