Истекува рокот за поднесување даночна пријава

Утре истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за остварен дополнителен приход во текот на 2015 година.  Сите лица кои имаат дополнителни  приходи освен плата или пензија  или имаат приход од земјоделска дејност или самостојна дејност треба да поднесат годишна даночна пријава. Под дополнителна заработа се вбројуваат и приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот.

-Добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни, лични примања од странство, работно ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација, приходи остварени преку интернет, е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни фриленсер и други, поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози, дојави на типови од странски натпревари и други дополнителни приходи надвор од редовната плата или пензија-изјави Сузана Стошевска-Николовска, раководител на УЈП Куманово.

Во даночното одделение во Куманово досега се примени 15. 251 годишна даночна пријава, а ниво на државата 316.756, од кои 1.530 се преку е-даноци.  

Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе од веб страницата на УЈП, а може да се достави и директно во УЈП, преку пошта или електронски.

За оние кои нема да го испочитуваат рокот или воопшто нема да поднесат пријава во Управата, следуваат парични казни.

 

Коментари

коментар(и)