Пронајден е кумановецот кој беше пријавен за исчезнат

Успешно заврши потрагата по 71 -годишниот кумановец со иницијали Б.З. за кого синоќа беше пријавено дека се оддалечил од домот.  Полициски службеници денеска го пронашле исчезнатиот кумановец во Средорек. Како што информираат од СВР Куманово, тој бил со нарушена здравствена состојба и бил пренесен во Општа болница Куманово за понатамошно лекување.

Коментари

коментар(и)