Италијанскиот амбасадор ја посети општината

Амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео денеска ја посети општина Куманово, при што се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски. На средбата тие разговараа за функционирањето на локалната самоуправа, економската состојба, инвестициите и слично. Градоначалникот нагласи дека амбасадорот дал свои видувања во однос на зајакнување на демократските процеси, безбедноста, стабилноста, како и економскиот просперитет на државата и општината.

-Денеска имавме една плодна дискусија час и половина портоколарно се запозна со сите специфики на општината пред се за економските сегменти, бидејќи знаете дека во Куманово едни од поголемите инвестиции во минатите 10 години беа италијански, за образованието, културата пред се италијанскиот јазик се изучува во неколку основни и средни училишта така што зборувавме за актуелните случувања во градот, етничките односи, културолошките разлики, спецификата на политичкиот систем во Македонија и се она што е просперитет на Куманово и Република Македонија во однос на евроинтегративните процеси-изјави првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.

Амбасадорот на Италија истакна дека му е чест што е во прва протоколарна посета на Куманово.

-Разговаравме за општината, локалните проблеми, италијанските инвестиции во оваа општина сегашните но и идните во контекст на тоа сега ќе одиме да посетиме една таква инвестиција тука во општината и потоа и гиманзија во која знаеме дека се изучува италијанскиот јазик и има повеќе од 200 ученици кои го прават тоа, тоа ни е многу драго и сакаме да ја продлабочиме соработката од секоја гледна точка за промовирање и соработка на италијанскиот јазик и култура-истакна тој.

Амбасадорот на Италија Ромео, во Република Македонија пристигна минатата година.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)