ИЈЗ: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 намален за 56% во изминатата недела

Во периодот од 14 до 20 март, пријавени се 15 смртни случаи од Ковид-19 во 9 градови во земјава, односно за 55.9% помалку во однос на претходната недела, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на возраста, регистрирани се 13 починати од возрасната група над 60 години и по еден починат од возрасната група од 40 до 49 и 50 до 59 години.

Истовремено, регистрирани се 1.834 нови случаи на Ковид-19 во 32 градови, односно забележано е зголемување од 0.9% во однос на минатата недела.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=451; 24,6%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, регистрирано е зголемување на бројот на заболени кај возрасните групи од 0-49 години, со најзабележително зголемување од 19.5% во возрасната група од 40-49 години и 14.5% во возрасната група од 20-29 години. Кај возрасните групи над 50 години се забележува намалување во споредба со минатата недела, односно 12.3%

Коментари

коментар(и)