ИЈЗ: Во 90 проценти од случаите е присутен сојот омикрон

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во моментот во земјава во 90 проценти од случаите е присутен сојот омикрон, а во 10 станува збор за делта варијантата

Во моментов активни се над 17 000 случаи со ковид-19, од кои најголемиот број се во Скопје –над 8.700,  покажуваат податоците на здравствените власти заклучно со вчерашниот ден. По главниот град, втора е Битола со околу 1 200 активни случаи.

Вчера беа регистрирани 1 908 новозаразени, а министерот за здравство Беким Сали во изјава за медиумите рече дека бранот стивнува и повика на вакцинација на населението.

Коментари

коментар(и)