И Димитриевски поднесе кандидатура за втор мандат

И актуелниот градоначалник, Максим Димитриевски денеска поднесе кандидатура до матичната партија, СДСМ со што бара поддршка за втор мандат.

Во изминатите неполни четири години реализиравме многу заеднички проекти за наше Куманово, финансиски си ја стабилизиравме општината и ја направивме перспективна, поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети и непосредни средби беше мотив повеќе во предвиден рок да поднесам кандидатура и програма со континуитет во мојата партија за нов градоначалнички мандат.
– Верувам дека ќе продолжиме и во иднина заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово-напиша на Фејсбук.

Коментари

коментар(и)