И Етно село со хуманитарна вечер за Ана и Теодосија

Хуманитарна вечер од срце за Ана и Теодосија на 7-ми јуни (среда), со почеток во 19 часот, организира Етно село Тимчевски.

Се повикуваат сите граѓани да се обединат за помош на нашите мали сограѓанки. Да се обидеме сите заедно да им помогнеме колку што можеме, да победат во најтешката битка и да ни се вратат здрави и насмеани, се вели во објавата.

Собраните средства ќе бидат донирани на нивните сметки.

Предвиден е настап на Етно бенд, Трио ксмет, Гоце Димовски од Синтезис, Филип Александровски и Александар и Мики – Млади боеми.

Место можете да резервирате на бројот 075-49-77-49.

Коментари

коментар(и)