Казнети над двеста возачи на подрачјето на СВР Куманово

Над 200 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, а најголем дел од нив поради брзо возење.

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 234 возачи, информираат денеска од кумановската полиција.

Од вкупниот број санкционирани возачи, 182 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола и 18 останати видови прекршоци.

Сообраќајните контроли, како што потенцираат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

Коментари

коментар(и)