Казнети над 140 возачи за непропуштање пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 141 возач, од кои 71 на територија на СВР Скопје. При акциската контрола санкционирани се и 174 други видови на сообраќајни прекршоци.

Коментари

коментар(и)