Казнети 84 кумановци за не носење маска

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР,  евидентирано е дека 116  лица не ја почитувалe Уредбата за задолжително носење заштита на лицето. Од  вкупниот број, 84 лица во Куманово се регистрирани без маска, 19 граѓани во Крива Паланка и 13 лица во Кратово. За прекршителите на Уредбата ќе следуваат соодветни мерки. За истиот период  четири лица  не ја почитувале  забраната за движење, соопшти СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)