Каква е состојбата со потрошниот материјал во болницата?

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз денеска обвини дека во кумановската болница нема основни средства за овозможување на прва помош на пациентите. Според портпаролот Сашо Тодоровски, поплаките кои што ги добиле од граѓаните се однесуваат на недостиг на топломери и  памук  за пациетите.

-Во болницата бараат од пациентите од дома да носат топломери и памук, за да можат да им укажат соодветно лекување и да им одредат терапија. Нема ханзапласт па пациентите ги преврзуваат со обична самолеплива трака, а и сами си купуваат инфузија. Пред неколку дена воопшто не фунционирал бомбастично најавуваниот проект мој термин и се што било поврзано со електронска комуникација и умрежување било вон фунција, а вработените биле под притисок бидејќи со падот на системот не можеле да ги извршуваат тековните активности, изјави Сашо Тодоровски, портпарол на ОО СДСМ, Куманово

На обинувањата на СДСМ  одговори директорот на болницата Ариф Љатифи посочувајќи дека пациентите добиваат квалитетна здравствена заштита  и е една од подобрите во државата кога станува збор за условите за работа и услугите кои ги дава болничкиот персонал.

-Ние потрошен медицински матеирјал имаме, лекови имаме, спомнавте дека болницата нема инфузии. Болницата сама си ги произведува инфузиите, ние имаме Галенска лабораторија каде дневно се произведуваат инфузии. Имаме модерна апаратура, мал проблем имаме со лекари специјалисти, бидејќи тие ни недостигаат, затоа што во последните години многу од нашите колеги заминаа во пензија или во странство – вели Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово

Надлежните посочуваат дека од вкупно 110 лекари во болницата, дури 40 се на специјализација. Тоа за нив е единствениот проблем.

Во врска со проектот мој термин, надлежните велат дека немало пад на електронскиот систем во болницата.

 

Коментари

коментар(и)