Каменуван патнички воз кај Лопате

Неколку лица каменувале патнички воз кој сообраќал на релација Табановце – Скопје, информира полицијата. Завчера по 21 часот, на делот од пругата помеѓу железничка станица Карпош и железничка станица Куманово, кај патниот премин кој води до село Лопате, кумановско, неколку лица го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце – Скопје. Притоа, биле направени оштетувања на возот, додека повредени патници и персонал нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)