„Карпошова вечер“ во клубот на ветерани

По повод 76 годишнината од загинувањето на козјачкиот командант и народен херој Христијан Тодоровски Карпош вчеравечер традиционално беше организирана „ Карпошовата вечер“ од Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово. За животот и делото на Карпош пред присутните во Клубот на ветерани, говореа претседателот на здружението, Драган Стојмановски, градоначалникот Максим Димитриевски и Миланка Миловановиќ – Зафировска.

Претседателот , Драган Стојмановски, зборувајќи за народниот херој, меѓу другото потсети дека борбениот пат на Карпош започнал во октомври 1941 –та година кога како млад скоевец го понел знамето на слободата во борба против фашистичкиот окупатор, а не ги заборави ниту последните Карпошовци кои што починаа минатата година, Јордан Цеков- Дане и Карпошовиот курир, Милутин Ѓуровски – УТЕ.

„Куманово е гордо како град бидејќи низ својата вековна историја споменува многу имиња. Едно од таквите секако е и името на Христијан Тодоровски Карпош, кој што во суштинска смисла на зборот го отсликува карактерот на секој кумановец“ рече градоналникот Димитриевски.  

-Кога ќе се каже Карпош првенствено се мисли на борбеност, на непокор, непопустливост и тврдоглавост до упорност и токму ние денешните генерации ја имаме таа чест да ги споменуваме и чествуваме.  И покрај тоа што поминавме низ тешки премрежија историски особено во поновата историја каде што поедини субјекти и поединци се обидоа дури и да ја искриват на моменти, Вие се одваживте и се уште се одважувате да го чествувате ликот и делото на оние кои што ги дадоа своите животи за она што ние денеска го имаме, слобода и независна и суверена држава Македонија. Тој заедно со плејада на свои современици од тоа време се одважил и излегол да се бори против најголемото зло на 20-от век против фашизмот. Ние имаме обврска да продолжиме во тој дух да работиме, но секако и да се бориме против искривувањето на историјата, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

По кратките говори за ликот и делото на Карпош, присутните имаа можност да го проследат и документарниот филм за козјачкиот командант во продукција на Здружението на армиски и полициски ветерани, сниман и монтиран од нивниот член Марјан Јакимовски.

Коментари

коментар(и)