„Киро Бурназ“ го одбележува патрониот празник

Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ го одбележува 65-от патронен празник. Новина годинава беше презентазија на штанд на производи и креации изработени од учениците и професорите од различни образовни струки по повод празникот на училиштето.

-Програмата за овој ден е како и секоја година она што малку е поразлично од минатите години е што пред сите наши гости ги претставивме нашите струки. Професорите по македонски јазик со нашата секција по литература имаа подготвено рецитал кое зборува за делото на патронот, вели Весна Трајковска, директор на ССОУ „Киро Бурназ“ .

Учениците изработија различни  проекти од областа на својата струка. На штандот беа изложени пекарски, земјоделски и козметички производи, а беа претставени и делови за земјоделска механизација и лабараториски опити.Со  пригодна културно -уметничка програма учениците се претставија пред присутните гости.

Коментари

коментар(и)