„Киро Бурназ “ со Еразмус проекти

Професори и наставници од средното стручно училиште „Киро Бурназ “ заедно со средни училишта од Турција, Полска, Италија и Португалија  вклучени се во проектот од Еразмус плус програмата „ Надогради се со гугл алатки и мобилни апликации“. Целите на овој проект, како што информира координаторот Силвана Јосифовска  – Тасиќ, се збогатување на искуствата и знаењата во употребата на мобилната технологија во наставниот процес , како и подобрување на комуникативните вештини во користење на англискиот јазик.

Првата мобилна активност е реализирана во Полска, изјави Сања Петровиќ, учесник во проектот.

Проектот „ Надогради се со гугл алатки и мобилни апликации“ започна на први септември минатата година и ќе трае две години, вели  Анастасија Тасевска, учесник во проектот.

Но, освен на овој проект од Еразмус плус програмата, професорката Силвана Јосифовска –Тасиќ е  координатор и на проектот „ Паметни училници, паметни ученици“ кој што се реализира од први септември 2017-та година , а ќе трае до септември годинава. Учесници во овој проект, покрај „ Киро Бурназ “ се и средни училишта од Турција, Литванија, Италија и Бугарија.

Во рамките на проектот „Киро Бурназ“  беше домаќин на првата мобилна активност  на тема креирање на лекции од областа на традицијата и обичаите.

Втората активност е одржана во Литванија, на тема математика, а третата мобилност е реализирана во Бугарија, на тема лекции од областа на литературата. 

Во рамки на четвртата активност учениците ја посетија Италија  каде што креирале лекции од областа на религијата.

Целите на овој проект, потенцира координаторот Јосифовска –Тасиќ се да се вклучат учениците во сопствено учење со цел да постигнат подобри резултати , да се развијат трансверзални вештини на учениците во математика, компјутерска писменост, литература, да се развие меѓукултурното разбирање со комуникациски вештини на англискиот јазик.

Коментари

коментар(и)