„Киро Бурназ“ со проект од Еразмус + програмата

Во рамки на проектот од Еразмус + програмата „Надогради се со гугл алатки и мобилни апликации“,  државното средно училиште  „Киро Бурназ“  од 25-ти до 31-ви јули годинава беше домаќин на претставници од партнерските училишта од Португалија, Турција, Полска и Италија. Координатор на проектот е училиштето од Виалонга, Португалија.

Целта на посетата се активности поврзани со проектот кои се состојат од изготвување на тестови и квизови со примена на гугл алатки , кои наоѓаат примена во оценување и проверка на знаења во онлајн наставата , како и подобрување на комуникативните вештини во користење на англискиот јазик.  Покрај тоа,гостите имаа можност и да се запознаат со културно историските споменици и природните убавини на Куманово, информира координаторката на проектот од училиштето, Силвана Јосифовска-Тасиќ.

Коментари

коментар(и)