ККС: Јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати.

Од ККС велат енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комуналните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопходните дејности во текот на еден ден, дополнуват од синдикатот.

Коментари

коментар(и)