КК Куманово гостува кај МЗТ

Кошаркарите на Куманово го загубија последниот меч од Супер лигата на домашната кошаркарска лига кој вечерва го одиграа на домашен терен против екипата на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 80:61, но обезбедија пласман во пелј-оф завршницата од сезоната.

Сино-белите добро влегоа во играта, меѓутоа веќе по првиот тајм аут се опуштија, а подоцна и дополнително кога дознаа дека местото во плеј офот им е загарантирано, откако Работнички го совлада Фени Индустри, а пораз претрпе и составот на Кожув. Првото полувреме јасно ја истакна намерата на МЗТ да не ја предаде играта и покрај загарантираниот пласман во плеј офот и низата победи. Првите 20 минути на паркетот завршиоја со резултат 47:31.

Ова денеска не беше наша вистинска слика, едноставно играчите со онаа победа на Фени мислеа дека се е готово и дека овој натпревар треба само да помине без залагање, така и влеговме во овој натпревар, без жар, без крв и видовте што се случи. Со екипа како што е МЗТ, физички подоминантна од нас, бидејќи 40 минути бркаат по цел терен е тешко да се игра, но како што кажав, влеговле во плеј-оф што е голем успех, заедно со онаа балканско финале, со оваа екипа да влезете во плеј-оф е голем успех, им честитам на момците, управата, публиката и ја повикувам публиката во плеј-офот да не посети во поголем број, па ако може нешто барем еден натпревар да ги изненадиме. МЗТ е фаворит, може да ветам дека ќе се бориме колку што можеме во овој момент, мислам дека силите ни се на минимум ептен, овој меч за наш беше пеколен, немавме време ниту да се одмориме, но плеј-оф е плеј0оф, адреналинот поинаку работи, мислам дека ќе изиграме коректно во овој момент со нашиот максимум – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.

Првата плеј оф средба ќе се одигра во Скопје веќе утре кога Куманово ќе гостува кај МЗТ, ќе се игра на три добиени натпревари по што ќе биде направена и елиминација на две екипи кои нема да обезбедат пласман во финалето.

Коментари

коментар(и)