КК Македонија го презентираше фитнесот „Канго џампс“

Кумановки имаа можност да се запознаат со новата високомотивирачка програма, дизајнирана  да го предизвика целото тело во градење мускулна сила и кардиореспираторна издржливост. Со популарно наречениот Канго Џампс фитнес, се трошат многу калории, а секое движење е дизајнирано за да може да се фокусира на стабилноста на `рбетот и обезбедувањето баланс за време на тренингот. Во Куманово за прв пат се изведува во Фит боди, каде веќе се занимаваат во областа на фитнесот.

-Се одржува на канго џампс отскокнувачки обувки кои помагаат на вашето тело да издржите многу повеќе за разлика од кој било фитнес, да потрошите многу повеќе калории и при тоа да не чувствувате утредента никаква болка. Во Македонија овој вид на спорт е популарен последниве три години но претходно во светот е 20-ина години и затоа се обидуваме да ги запознаеме сите со овој тренинг-истакна Лепа Јовиќ, Канго Џампс инструктор во Канго клуб Македонија.

Тренингот се одвива така што првин се учи кореографијата, сѐ додека не се совладаат сите чекори. Чевлите се направени така што може да ги користи секој,освен бремени жени, доилки и луѓе со проблеми на вратниот ’рбет.

-Јас имам вежбано скоро се, но се пронајдов во ова, обувките прават да се чувствувам поеуфорично за разлика од кој било друг фитнес, да ги заштитува моите колена и телото, ми помага побргу да согорам калории и да направам подобро тело-посочи таа.

Сите заинтересирани за овој спорт можат да се информираат во Фит боди.

Коментари

коментар(и)