Книжевна вечер со Ана Бунтеска

Во фоајето на националната установа Центар за култура Куманово, утре со почеток во 18 часот ќе се одржи „Книжевна вечер со Ана Бунтеска“.
Настанот е дел од годишната програма за презентација, популаризације и афирмација на книжевноста, поддржана од Министерство за култура.
Вечерта ќе ја збогати музика на пијано од младиот музичар Јован Цветковиќ.
Ана Бунтеска е родена во Скопје, своето детство го поминува на релација Скопје-Битола -Прилеп а во последно време и Охрид. Таа е поетеса која длабоко навлегува во поривите на душата, а професионално е брокер. Нејзиниот татко е познат новинар Лазо Бунтески за кој таа смета дека е од генерацијата на новинари кои ги поставиле темели на вистинското, професионално новинарство. Ана Бунтеска има пасија кон стари книги, просториите кај баба и биле полни  со „купишта книги“, таа особено е горда на сопствената библиотека, и се воодушевува на полжотените страници. Има објавено три книги поезија: „Колку е потребно за среќа“, „Стави лајк на сопствениот живот“.
Поетесата Ана Бунтеска е добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“, наградата ја доделува Фондацијата за  културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.

Коментари

коментар(и)