Ковачевски: Изгадбата на Коридорот 8 e меѓу врвните приоритети на Владата

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со вкупна должина од 24,5 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра, откако со бугарскиот колега Кирил Петков, при неодамнешните средби во Скопје и Софија се обврзаа да ги интензивираат работите за поскора реализација.

Ковачевски изрази охрабрување за силен интензитет на изградба на овој експресен пат, додавајќи дека и премиерот Петков се обврзал добро да провери што се случува со изградбата на патот од бугарската страна кај преминот Клепало кај Берово.

Во овој дел од државата се отпочнати значајни проекти меѓу кои рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, со вкупна должина од 32 километри, и вкупна вредност од 11,9 милиони евра и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заврши.

Во изработка е проектната програма за проектирање на нов експресен пат Романовце – Страцин кој што е планиран да се финансира од ИПА 3 инструментот и со сите овие рехабилитации, санации и изградби во регионот целта е да се добие комплетен Коридор 8, кој како главна артерија ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот.

 

 

Коментари

коментар(и)