Ковачевски: Реализиравме 79% од капиталните инвестиции минатата година

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во изјавата за време на увидот во изградба на експресниот пат Градско–Прилеп, истакна дека согласно анализите, ефикасноста на Владата во делот на реализација на капиталните инвестиции е одлична дури и во време на криза.

„Минатата година реализиравме 79% од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Патиштата имаат значаен удел во овие инвестиции. До крајот на мандатот во 2024 година моја цел како премиер и на оваа Влада е да имаме модерни и безбедни патишта што ќе значат побрзо движење, но и силна и развиена економија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека инфраструктурните капитални инвестиции помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и да се зголеми квалитетот на живот на граѓаните.

Коментари

коментар(и)