„Козјак 2013“ со Годишно собрание за 2021-та

Здружението за планинарење и заштита на планината „Козјак 2013″ од Куманово вчеравечер во Занаетчискиот дом го одржа Годишното собрание за 2021-та година.

На собранието беше направен преглед на сите активности, планинарски акции, обуки, пошумивања, уредување на Карпински манастир, како и идни планови за тековната година.

Беа прогласени и најистакната планинарка, планинар и најмлад планинар, а беа доделени и благодарници на сите соработници на клубот.

Целата манифестација беше збогатена и со презентација на планинарска опрема кој ја има клубот, како и стручна планинарска литература.

Коментари

коментар(и)