Колку возила месечно влегуваат во „мрежата„ на пајак службата?

Поради непрописно паркирани возила што секогаш го попречуваат безбедното одвивање на сообраќајот во Куманово, вработените во ЈП „Куманово паркинг“ и сообраќајната полиција работеле со полна пареа. Сите санкции изречени од страна на овие служби се однесувале на возачите кои паркирале на прометни коловози, пешачи премини, тротоари, зелени површини, а не ретко биле изречувани и како пријава од трето лице. Кумановци сакаат по секоја цена да го избегнат плаќањето на паркинг услугите, па затоа подигнати се 153 возила за кои на лице место била платена глоба во износ од 1.000 денари,  а останатите 62 возила биле однесени во депото на претпријатието, при што за нивно враќање на сопственикот било наплатено по 2.000 денари. За таканаречениот блокатор на тркалата се побарувало по 1.000 денари на вкупно 73 возила во јануари. Апел до граѓаните да се паркираат на означените места и да ги ослободуваат пешачите зони во градот.

Коментари

коментар(и)