Конкурс за доделување „Ноемвриска награда“

Општина Куманово го распиша традиционалниот конкурс за доделување на највисокото општинско признание „Ноемвриска награда“, кое се доделува во чест на Денот на ослободување на градот, 11 Ноември.

Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

Според Одлуката, делото, односно постигнувањата треба да  бидат достапни на јавноста до 11- ти Октомври годинава, а авторот на делото, организацијата или заедницата да е од Општина Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски врзани за градот.

Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општината Куманово имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци.

Од локалната самоуправа потенцираат предлозите за доделување на Ноемвриската награда со образложение во писмена форма да ги достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 – ви Октомври оваа година.

 

Коментари

коментар(и)