Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ

Средношколците од гимназиите Гоце Делчев и Сами Фрашери, како и  економското училиште Перо Наков, денеска се информираа за конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ на тема „Би сакал/а во мојата општина , кој го реализира Високата  школа за новинарство и односи со јавноста. Активноста е во рамки на проектот Коалиција за медиумска писменост. Ученици од прва до четврта година, можат да аплицираат со фотоприказна, постер или едноминутно видео. Медиумските производи треба на оригинален начин да ги пренесат идеите, интересите и барањата на учениците за урбанистичка, културна или каква било промена што според нив е неопходна во општината во која живеат.

-Многу е важно да биде аргументирано она што го сакаат, тоа што навистина недостига и што навистина би сакале да имаат во својата општина. На тој начин да ги вклучиме активно во промените кои што сакаме да ги направиме. Токму тоа е целта на проектот за медиумска писменост младите да не бидат само консументи на медиумски производи и како креатори на истите тие да влијаат и да поттикнат општествени проемени да покажат што им е на нив потребно, недостигало досега-истакна Моника Аксентиевска, проектен асистент во Високата школа.

Учесниците може да поднесат повеќе производи во различни формати. Трите најдобри медиумски производи ќе бидат наградени, додека автори на десет дела ќе можат да учествуваат на еднонеделен летен камп за медиумска писменост во јуни. Конкурсот е отворен до 29-ти месецов, а заинтересираните повеќе информации можат да најдат на страницата medium.edu.mk.

Коментари

коментар(и)