Конференција за популаризација на рускиот јазик

Популаризација на рускиот јазик кај учениците од основните и средните училишта во Куманово и воопшто во државата, беше цел на денешната конференција што се одржа во занаетчискиот дом. Оваа средба помеѓу претставници на гиманзијата гоце делчев, локалната самоуправа и ученици од Куманово и професори по руски јазик, ученици од Русија и претставници од висообразовните установи од катедрата за славистика беше  во рамките  на деветгодишната соработка помеѓу гимназијата  „Гоце Делчев“  гимназијата „13“ од Санкт Петербург.

-Со гимназијата од Санкт Петербург соработуваме девет години,секоја година имаме возвратни посети,кои ги користиме за спроведување работилници, размена на идеи, искуства на кои се запознаваме со јазикот и културата на двата народ -изјави Соња  Тодоровска, директор на гимназијата „Гоце Делчев“

Рускиот јазик во Куманово се изучува во три основни и две средни училишта, потенцираше градоначалникот Зоран Дамјановки.

Надежда Љубовска,професор по руски јазик и литература од гимназијата „13“ и координатор на проектот  вели дека  учениците и професорите покажуваат завиден интерес за изучување на македонскиот јазик, а особено се заинтересирани за изучувањето на историјата,културата на македонскиот народ.Изјави дека со задоволство соработуваат со кумановската гимназија и се надева дека соработката ќе продолжи и во идниот период.

Гимназијалците од Русија и нивните професори во наредните осум денови  ќе имаат можност да ги запознаат културно -историските споменици и знаменитости во Куманово , но и во останатите градови.

 

 

 

Коментари

коментар(и)