„Концерт под маски“ на нижото музичко училиште

„Концерт под маски“ е насловен тематскиот музички концерт на нижото музичко училиште „Панче Пешев“ Куманово, кој ќе се одржи во четврток во Занаетчискиот дом.

Концертот кој ќе започне во 19 часот, е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.

„Влезот е слободен за сите љубители на убавата музика и првоаприлската магија, како основна инспирација за концептот на самиот концерт, информираат од училиштето. Како гости на концертот ќе настапат и Dance team Fusion.

Коментари

коментар(и)