„Кон родово инклузивен буџет во Општина Куманово“

Претставници на невладини организации и општината, денеска присуствуваа на дебатата Кон родово инклузивен буџет во Општина Куманово, која ја организираше акција Здруженска во соработка со Женски центар, Жена на 21-век од Куманово. Тие имаат можност да ги слушнат резултатите од мониторингот на процесот на програмите и буџетот на локалната самоуправа.

На фокусните групи во кои што биле вклучени локални женски организации, биле разгледани инфраструктурните проблеми, вработувањето на жените, и слично. Како  најприоритетен е истакнат проблемот со недостаток за сместување на деца од предучилшна возраст.

-Дојдовме до сознание дека општината има сенс за овој проблем, работи на него, но затоа е донесена други и одлука на Советот за зголемување на  групата на децата сега моментално 40 деца влегуваат во една група. Планирано е за буџетот  во 2015 и 2016 изградба на нови градинки во населбата Перо Чичо и село Добрашане, планирана е и доградба на објект во градинката Синоличка, таму да се прошири и заедно со УНИЦЕФ во рамки на основното училиште Карпош е отворено едно одделение за Ран детски развој кој е започнат со работа-истакна Лидија Илиевска, Женски центар.

-Наодите кажуваат дека општината во моментот има одвоено средства во буџетот за да во 2016 година за подготовка на техничка документација за една нова градинка и адаптација односно зголемување на капацитети на една од постоечките градинки но во моментот стои на ниво на подоготовка на техничка документација, до моментот на изградување не влегува во 2016, ќе видиме кога тоа ќе се оствари-нагласи Сузана Гроздановска Акција Здруженска.

Анализата, покажува дека жените не се доволно вклучени во процесот на планирање на буџетот, при давање предлози и можни решенија. Од здруженијата имаат забелешка што на веб страна на општината не можат да се најдат сите службени гласници, кои што ги интересираат граѓаните.

 

Мониторингот е во рамки на активностите на проектот Родова рамноправност во локалните буџети, подржан од проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондација отворено општество Македонија.  Освен во Куманово се спроведуваше и во Свети Николе, Битола, Гостивар, Дебар и Тетово.

 

Коментари

коментар(и)