Кошаркарите против Еуро Никел, кошаркарките против Шкупи

Кошаркарките на Куманово утре го играат 12.то коло од домашниот шампионат, а за противник го имаат составот на Шкупи. Мечот ќе се одигра со почеток во 16 часот во спортската сала на „Перо Наков“. Шкупи влегува како апсолутен фаворит во утрешниот меч со оглед дека го држи и првото место на табелата и од десет средби има само еден пораз. Од друга страна кумановки од досега одиграни 10 натпревари бележат две победи. Неколку часа подоцна, со почеток во 19 часот, на истиот терен силите ќе ги одмерат кошаркарите на Куманово и Еуро Никел од Кавадарци. Станува збор за натпревар од 13-то коло од Првата машка кошаркарска лига во која кумановци на минатата средба впишаа победа по подолга низа порази. Со малку изменет ростер Куманово го започна вториот дел од сезоната и ќе атакува на кавадарчани кои имаат подобар ранг во табелата и со седум победи и пет порази се на шестата позиција. Од друга страна избраниците на Владимир Мирковски имаат само три победи, но по првиот меч годинава покажаа дека се подготвени таквата состојба да се промени.

Коментари

коментар(и)