Кошаркарите со пораз од Еуро Никел, кошаркарките триумфираа над Шкупи

Кошаркарите на Куманово на домашен терен претпреа пораз од екипата на Еуро Никел, со резултат 63:72.Гостите рано се стекнаа со висока предност, но им дозволија на домашните кошаркари да стигнат негатива од 15.поени. Но не и да победат. Кавадарчани имаа одличен финиш во кој ја вратија предноста и ги земаа двата бода од ова гостување.

Во домашниот тим, Елијах Џојнер даде 19.поени, Јанески пак беше блиску до двоен скор, 12 поени и 9 скока.

Кошаркарките на Куманово пак извојуваа голема и значајна победа откако на домашен терен го совладаа составот на Шкупи со резултат 63:57.  Со 29 поени најефикасна во ростерот на Куманово беше Алексовска, девет имаше Костадинова, а поен помалку впиша и Цветковска. Инаку Шкупи беше лидер во табелата до оваа победа на кумановки. Сега првата позиција ја зазеде Патриот, а тие се на втората позиција. Кумановки се седми со три победи од почетокот на сезоната.

 

Коментари

коментар(и)