Крводарителска акција во СВР Куманово

Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска организираше крводарителска акција во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Куманово и Институтот за трансфузиона медицина Скопје. Согласно годишната програма на Отсекот за превенција годишно се реализираат по три крводарителски акции во просториите на СВР Куманово, информираат надлежните. За еден час утрово беа собрани 20 крвни единици.

-Ова е втора акција годинава.  Денеска до 10 часот има околу 20 крводарители, сметаме дека нашата просечна бројка е од 40 до  60 крвни единици, меѓутоа согласно претходните постови што ги имаа нашите колеги од други етнички заедници малку е намалена бројката. Се надеваме дека онаа бројка што ни е зацртана од 60 крвни единици од наши колеги би требало да ја исполниме денеска. Мојата порака до колегите е слободно да даруваат крв, хумано е , но и здраво за организмот, Марјан Павличек од  Отсек за превенција

Дека е хумано и здраво да се дарува крв порачуваат и останатите актуелни и поранешни вработени во Секторот за внатрешни работи Куманово.

-Скоро секогаш се приклучуивам на овие акции крводарителски, приближно 50 пати имам дарувано крв, препорачувам сите да бидат хумани , а со тоа да го зачуваат своето здравје, Марјанчо Ангеловски , крводарител

До крајот на годинава ќе биде организирана уште една крводарителска акција од полицијата.

Коментари

коментар(и)