Креативна работилница во библиотеката

На Одделот за деца во библиотеката „Тане Георгиевски “ денеска се одржа првата од повеќето креативни работилници предвидени до крајот на месецот на книгата. Учесници беа третоодделенци од две училишта од Куманово, 13 деца од основното „Толи Зордумис“  и  5 ученици од подрачното „Христијан Карпош“ во селото Тромеѓа. Работилницата е насловена Лик од приказните.

-Најпрвин ја читавме приказната „Девојчето и дванаесетте месеци“ , потоа подискутиравме малку на таа тема и сега децата ќе имаат задача, дел од нив да цртаат, а остантите да моделираат некој лик кој на нив најмногу им оставил впечаток. Креативните творби што ќе ги изработат децата ќе бидат изложени во просториите на Одделот за деца додека трае месецот на книгата, изјави Марина Алексиќ, библиотекар во „ Тане Георгиевски“

Учениците од  „Христијан Карпош“  првпат се дел од работилница организирана од библиотеката, а во соработка со основните училишта.

– Дојдовме на една креативна работилница, да кажам по македонски јазик , обработка на приказната Девојчето и 12-те месеци. Почнавме со литературно читање, потоа кратки прашања како ја доживеале прказната, што им се допаднало и на крај креативна работилница со моделирање и со цртање. Моделираат лик што им оставил најсилен впечаток, а останата група цртаат илустрации од доживеаните чувства, од приказната. Првпат сме на ваква работилница и се чувствуваме добредојдени, изјави Марина Стојановска, одделенски наставник во „Христијан Карпош“,  с.Тромеѓа

До 15-ти ноември додека трае месецот на книгата во библиотеката ќе се реализираат повеќе активности, уште работилници со ученици од други училишта, Час со еден писател, промоции на книги.

Коментари

коментар(и)