Кривични пријави за питачење

Одделенијата за криминалистички работи во Единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во периодот од 08 ДО 15 април годинава преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“.
Притоа, лишени од слобода биле три лица на возраст од 26, 30 и 33 години  сите од Скопје. Двајца од нив, заедно со своите малолетни деца, и малолетник чиј старател/родител е третото лице биле затекнати при питачење на крстосници и булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

Коментари

коментар(и)