Кризниот штаб одржа состанок, нови барања

Во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 .

На состанокот беа донесени следниве препораки:

Поради зголемен интерес за масовна вакцинација во регионалниот· центар, бараме од Министерството за здравство
да обезбеди дополнителни количини на вакцини за поголема имунизација на населението;

Апелираме до СВР Куманово да го зголеми присуството на полициски· патроли во централното градско подрачје, од причина што е забележано недоволно почитување на мерките ( неносење на заштитни маски );

Aпелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски· објекти и маркети да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата, како и да се намалат семејните собири во затворен простор и собири на
млади луѓе во поголеми групи.

 

Коментари

коментар(и)