КУД „Панче Пешев“ учествуваше на меѓународен фестивал во Полска

КУД „Панче Пешев“ од Куманово од 10 до 14 јули гостуваше во Полска во градот Љублин на дваесет и осмите меѓународни фолклорни средби. Покрај Македонија, на овој реномиран меѓународен фестивал учествуваа и ансамбли од Кенија, Мексико, Романија, Колумбија, Словачка и домаќинот Полска.

„ КУД ,,Панче Пешев“ на петдневното гостување го презентираше македонскиот фолкор преку сплет од народни песни и игри од кумановскиот крај, источна Македонија, сплетот Дожњевка и сплетот Водарки за да на свеченото затворање на фестивалот заедно со сите учесници се сплотат во едно шаренило од најразноразни култури и бои прошарани со песна и игра. Домаќините на фестивалот искажаа многу пофални зборови за КУД Панче Пешев, а кумановските амбасадори на македонската култура и традиција се уште ги средуваат впечатоците од гостувањето секојдневно подготвувајќи  се за ново гостување веќе за неколку дена, овојпат во Турција“, велат од културно- уметничкото друштво.

Видео записот на Годишниот концерт на КУД Панче Пешев одржан на 10 јуни годинава, ТВ Плус премиерно ќе го емитува в петок (26 јули) во 20 часот.

Коментари

коментар(и)