КУД „Српски вез“ организира Фолклорна ревиja

По повод 10 години од своето постоење културно -уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово в сабота ќе организира Фолклорна ревија.

На ревијата ќе бидат претставени народни носии кои „Српски вез“ ги изработи и набави изминатите десет години, но и некои нови кои беа изработени за овој повод.

Во рамките на фолклорната ревија е предвиден и соодветна културно-уметничка програма.

На самата манифестација е најавено присуство на министерот во Владата на Р. Србија задолжен за дијаспора Ѓорѓе Миличиќ, амбасадорката на Р. Србија во Македонија Невена Јовановиќ, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, пратеници, како и универзитетски професори и културни работници од Македонија и Србија.

Фолклорната ревија која ја организира „Српски вез“ исто така е дел од проектот „Денови на Српската култура во Куманово – работилница за изучување на Српски јазик“ кој е поддржан од страна на Владата на Република Србија, Кабинет на министерот без ресор задолжен за координација на активностите и мерките во областа на односите на Република Србија со дијаспората и Општина Куманово.

Ревијата ќе се одржи во просториите на КУД „Српски вез“.

Коментари

коментар(и)