Кумановец загинал во обид да го изгасне опожарениот дом

Кумановец викендов загинал при обид да го изгасне пожарот кој ја зафатил неговата куќа.

Според МВР, во саботата попладне во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Стара Воденица“ настанал пожар во нива каде горела сува трева, непосредно до куќата во која живеел 54 годишен кумановец, при што од пожарот бил зафатен и неговиот дом. Сопственикот обидувајќи се да го изгасне пожарот се здобил со повреди, а подоцна бил пронајден починат.

Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт.

Известен е јавен обвинител кој дал наредба телото на починатото лице да биде предадено на семејството.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)