Кумановец приведен, пронајдена дрога

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, вчера го лишиле од слобода И.М.(46 години) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени, хероин, марихуана и две дигитални ваги. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)