Кумановец прикрил брендирани производи

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.(50 години) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. Пријавениот, во текот на 2021 и 2022 година, од Република Грција набавил и преку граничен премин пренел брендирани текстилни производи во вредност од 1.518.832 денари, избегнувајќи ги царинската контрола и плаќањето на царински и даночни давачки. Предметите ги складирал во својот дом во Куманово, по што ги продал без регистрирана дејност преку негова страница на социјална мрежа со што го оштетил Буџетот на земјава.

Коментари

коментар(и)