Кумановец тешко повреден во сообраќајна незгода

Шеесет и шестгодишен кумановец викендов се здобил со тешки телесни повреди откако со неговиот „форд фокус“ се судрил со „фолсваген туран“.

На крстосницата од регионалниот пат Куманово – Свети Николе и бул. „Трета македонска ударна бригада“се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“, управувано од Б.Ѓ.(24 години) од Доброшане, кумановско и патничко возило „форд фокус“, управувано од Д.Д.(66 години) од с.Биљановце, кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата возачот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Во координација со Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)