Кумановец тешко повреден на работно место

МВР информира дека завчера во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешка телесна повреда бил донесен 29-годишен кумановец. Во службен разговор со полициски службеници тој изјавил дека се повредил околу 08.00 часот, додека извршувал работни задачи во фирма во индустриска зона Илинден. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен Трудов инспектор.

Коментари

коментар(и)