Кумановец украл пари од продавница

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 06 часот, лишиле од слобода 30-годишен кумановец, кој со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“и одзел пари од дневниот промет.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот на лицето, при што биле пронајдени украдените пари, кои биле вратени на сопственикот.

Кумановецот  е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира кумановската полиција.

Коментари

коментар(и)