Куманово домаќин на „Гимназијада 2016“

Општина Куманово за прв пат ќе биде домаќин на спортската манифестација Гимназијада, која треба да се одржи во мај наредната година. Учениците од средните училишта од државата ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка. Претседателот на општински сојуз на училишен спорт од Куманово, Ивица Ѓоргиевски истакна дека градот веќе има искуство со вакви манифестации, бидејќи претходните години беше домаќин на малите олимписки игри.

– Имам потполна поддршка од градоначалникот и локалната самоупрва, сојуз на спортови и сите спортски организации. Тие денови ќе бидат денови на спортот, каде што покрај она што се вика натпревари ќе имаа и навивачи, кои ќе се сплодат, дружат и градот ќе живне тие денови како град-наведе тој.

Натпреварувањата ќе се одржат во спортските сали на основните и средни училишта. Претседателот на сојузот на спортови, Сашо Петруешевски, се надева дека со оваа манифестација уште еднаш ќе покажат дека Куманово е спортски град.

-Во тек сме со цела таа работа, дадовме поддршка во тек е и примарната организација за сите оние постојни термини, и сите потребни термини кои ќе се одржат тие денови и мислам дека со добра организација се ова ќе протекне во најдобар ред и ќе можеме да потврдиме дека сме спортски град.

Организатор на Гимазијадата е Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка на општинскиот сојуз.

 

Коментари

коментар(и)