Куманово донира парична помош за Тетово

Педстотини илјади денари од буџетот на Општина Куманово ќе бидат донирани за помош на семејствата погодени од поплавите, кои го зафатија тетовскиот регион, беше одлучено на денешната вонредна седница. Освен парична помош Општината планира да испрати своја механизација и цистерни со вода, за да помогне со водоснабдувањето и чистењето на улиците во поплавените подрачја. Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека Куманово е град на солидарност и хуманост, а тоа го докажа со претходно дадената поддршка за многу градови и земји во регионот.

-Oбврска наша е да помогнеме на овој град, како и секаде и оваа година никогаш да не се повторат вакви големи штети, а пред се човечки животи. Пет луѓе официјално ги изгубија животите, мојот предлог беше да се даде максимум што може од резервата со предлог и одлука на совет 500 илјади ќе бидат упатени на жиро сметката на Општина Тетово за санација и поддршка на оштетените домови-изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Советниците го поддржаа хуманиот гест со цел побрзо враќање на состојбата во нормала. Дел од нив во состав на своите партии планираат спроведување на дополнителни хуманитарни акции за помош на населението во Општина Тетово.

-Можеби сумата е симболична но тоа се нашите моментални финансиси можности колку толку да им се помогне на нашите сограѓани што живеат таму-наведе Ридван Асани, советник од ДУИ.

-Ние како ДПА исто така одржавме вонредна седница внатре во партијата и се работи на теренот  и собирање на средства, како да им се излезе во пресрет на тие луѓе што се затекнати од оваа катастрофална несреќа во едно им изразуваме жалење за жртвите-додаде Бесник Мемети, советник од ДПА.

Советниците посочија дека масовната нелегална сеча, неисчистените канали и речни корита се причина за настанатата поплава, која би можела да се случи и во Куманово доколку не се превземат одредени превентивни мерки.

Коментари

коментар(и)