„Куманово палета на различни култури“

Ученици од средните училишта од градот, денеска учествуваа на втората по ред креативна работилница насловена Куманово палета на различни култури, која ја спроведува Здружението Цивис во партнерство со телевизија Плус, во рамки на проектот Повеќе култури-повеќе вредности. Целта на работилница е да се вклучат младите во промоција на културните и историските вредности, односно да се придонесе за подобро разбирање и мултикултурно живеење во градот.

-Проект е финансиран од проектот Различноста е во мода, промоција на мултикултурализам на локално ниво, кој што проект го спроведува Асоцијацијата за демократски иницијатива во партнерство со Флоренс Најтингел и Стопанска комора на северозападна Македонија-истакна Анета Јордановска претседател на Здружението Цивис.

Во текот на мај ќе се одржи уште една креативна работилници на која младите преку заедничко дружење и соработка ќе се обидат да ги надминат стереотипите и предрасудите кои што ги имаат кон другите етнички заедници кои живеат во градот. Во проектот се вклучени млади Македонци, Албанци, Роми, Срби. Проектот кој што е обезбеден од Европската унија ќе се имплементира шест месеци. Во рамки на истиот е предвиден и документарен филм.

Коментари

коментар(и)